Министерството за енергетика на САД денеска треба да објави „голем научен пробив“, откако дел од американските медиумите објавија дека федералната лабораторија неодамна постигнала голема пресвртница во истражувањето на нуклеарната фузија.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Администрацијата ќе објави дека Министерството за енергетика и Националната лабораторија „Лоуренс Ливерморво Калифорнија“ (ЛЛНЛ) постигнале „нето енергетска добивка“ од експериментален реактор за фузија.
Тоа би било првпат истражувачите успешно да произведат повеќе енергија во реакција на фузија, процес што се одвива во Сонцето, отколку онаа што е потребна за одржување на процесот, што е потенцијално голем чекор напред во потрагата по енергија со нула загадување со јаглероден диоксид.
Портпаролот на Одделот за енергетика и ЛЛНЛ изјави дека не може да коментира, но истакна дека американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм утре „ќе објави голем научен пробив“.
Според него, „анализите сè уште е во тек“.
„Вашингтон пост“, пак, повикувајќи се на неименувани две лица запознаени со истражувањето, објави дека тие го потврдиле развојот, а реномиран научник за фузија за весникот изјавил дека „за повеќето од нас (научниците), ова беше само прашање на време“.
Некои научници нуклеарната фузија ја сметаат за потенцијална енергија на иднината, особено затоа што произведува занемарлив отпад без издувни гасови.
Фузијата се разликува од фисијата, физички процес што моментално се користи во нуклеарните централи, со спојување на две атомски јадра наместо разделување на едно.
Објектот за фузија ЛЛНЛ се состои од речиси 200 ласери со големина на три фудбалски игралишта, кои бомбардираат мало место со високи нивоа на енергија за да иницираат реакција на фузија.
Извор: МИА