Хрватскиот клуб Кустошија, член на третата лига го продаде играчот Баје Кулибали во Шарлот за два милиони евра и 20 отсто од следниот трансфер.
Претходните месеци се шпекулираше дека за младиот репрезентативец на Мали се заинтересирани шпанските гиганти Реал и Атлетико.
Наводно „јорганџиите“ дури испратиле понуда, но Малиецот кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига.
Фудбалскиот клуб Кустошија од неодамна е познат по тоа што и покрај тоа што е нисколигаш, преку менаџерот Енди Бара, по скапа цена продава суперталенти во најсилните лиги.
Така, Микаил Фаје замина во Барселона за 1,5 милиони евра, Дино Клапија во Лајпциг за три милиони и Нико Томашевиќ во истиот клуб за еден милион.
По 35 настапи и четири гола за Барселона Б, Сенегалецот Фаје минатата година се пресели во француски Рен.
Хрватот роден во САД Клапија игра солидно за У19 тимот на Лајпциг (5 гола на 18 натпревари), додека Томашевиќ ретко добива шанса.
Кустошија од трансферот на Фаје во Рен доби бонус од 10 милиони евра, така ќе биде и со Кулибали.
Кустошија во ноември минатата година го купи Кулибли за 300.000 евра од фудбалската академија на Етоал ду Манде, а овој сенегалски клуб ќе добие 25% од трансферот на Кулибали во САД.
Кустошија се натпреварува во третото ниво на хрватскиот фудбал, во моментов се наоѓа на седмото место.
The post Хрватскиот третолигаш Кустошија направи нов милионски трансфер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде