82-годишна жена од село Косевица, близу Македонска Каменица почина од пожар што ја зафатил нејзината соба откако започнала да го пали огнот во шпоретот
-Таа била пронајдена од синот во соба полна со чад, а од извршениот увид било констатирано дека палејќи го огнот во шпоретот, пожарот се проширил и ја зафатил масичката и телевизорот, соопштија од СВР Штип.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со задушување од чад, со изгореници на телото и без траги на насилство.
The post 82-годишна жена пронајдена почината по пожар во нејзината соба appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде