декември 5, 2024

Стабилна е здравствената состојба на девет годишното дете кое синоќа падна од шестиот кат од зградата во скопската населба Кисела Вода, објави Канал 5.

Во маалото жителите беа вознемирени, раскажуваа дека прво детето паднало од прозорецот, а веднаш по него паднала бабата. 69 годишната жена паднала врз оградата до самата зграда и починала на самото место. Засега нема детали како се случила трагедијата и која била причината за падот од зградата.

Директорот на Клиниката за детска хирургија Лазо Јовчески објасни дека детето е на интензивна нега, има повреди и скршеници на главата, рамото, ребрата и карлицата.

Несреќниот случај се случил вчера околку 19 часот и 40 минути, кога било пријавено дека 69 годишна жена и малолетник паднале од зграда.

Од МВР велат дека жената била најдена почината на самото место, а детето било пренесено со брза помош во Ургентниот центар. Засега од МВР велат дека станува збор за несреќен случај и се работи на расчистување на случајот.

The post Стабилна состојбата на 9-годишното дете кое синоќа падна од зграда и се здоби со тешки повреди appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK