Од Градски паркинг-Скопје ги известуваат корисниците на услуги дека за време на државниот празник Св.,,Климент Охридски”, недела 8.12.2024 и понеделник, 9.12 2024, неработен ден, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
Редовна наплата ќе се врши на:
– Зона А0- Водно,
– Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ како и
– Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
The post Во недела и понеделник бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде
