мај 5, 2026

Секторот за внатрешни работи Струмица – Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Радовиш против шест лица од селата Дукатино и Горни Липовиќ, поради сомнение за бесправна сеча на дрва.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 ноември 2024 година, на локацијата „Сука“ во општина Радовиш, С.С. (43), Г.С. (50), И.С. (45) и Ј.Г. (74) од село Дукатино извршиле бесправна сеча на 113 дабови стебла. Дрвата ги натовариле на трактор со намера да ги продадат, но биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници од Полициската станица Радовиш и Шумската полиција Радовиш. Тракторот, приколката и две моторни пили им биле одземени.

Истиот ден, на локацијата „Ушковица“ во општина Радовиш, С.С. (58) и Т.К. (29) од село Горни Липовиќ извршиле бесправна сеча на 44 стебла. И тие биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници, а тракторот, приколката и моторната пила им биле одземени.

Сите пријавени се товарат за кривично дело „кражба“ според член 235 од Кривичниот законик.

The post Кривична пријава за шест лица од Радовиш осомничени за бесправна сеча на дрва appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK