мај 5, 2026

На 6 декември 2024 година, во 16:45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „1“ во селото Булачани, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

Во несреќата учествувале „Даеву Матиз“, управуван од З.М. (66) од Скопје, и „Шевролет Авео“, управуван од Р.Ц. (30) од селото Црешево. Возачот на „Даеву Матиз“, З.М., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 20:30 часот починал. Смртта била констатирана од страна на лекар.

Со телесни повреди се здобиле и возачот Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка, како и уште една сопатничка од „Даеву Матиз“, С.М. (61) од селото Булачани. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Истражните постапки се во тек.

The post Трагична сообраќајна несреќа во Булачани: Еден починат, тројца повредени appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK