мај 5, 2026

Во последниот натпревар од саботната програма од 16. коло на Ла Лига, Реал на „Монтоливи“ ја победи Џирона со 3:0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски играше до 58.минута.

Реал повторно се доближи до Барселона и со евентуална победа во одложениот натпревар против Валенсија има можност да се врати на челната позиција.

Џуд Белингем повторно беше на висина на задачата. Англискиот репрезентативец игра одлично во изминатиот месец. Во овој период, одигра пет натпревари во лигата и беше стрелец на секој од нив. Неговиот вкупен учинок е пет гола и три асистенции.

Против Џирона го постигна првиот гол во 36.минута, кога ја искористи паниката на домашните дефанзивци. Потоа Англичанецот му асистираше на Гулер за 2:0 во 55. минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 62. минута на асистенција на Лука Модриќ.

Реал со натпревар помалку има два бода помалку од водечката Барселона.

Share

The post (Видео) Реал победи во Џирона, Миовски играше до 58.минута appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK