мај 5, 2026

Три лица биле приведени синоќа од страна на полицијата, во угостителски објект во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 20.15 часот во угостителски објект во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле 24-годишната С.Ш. од Демир Капија, Р.А.(42) од Кавадарци и А.П.(36) од село Ваташа, кавадаречко. При преглед кај С.Ш. биле пронајдени бела прашкаста материја и зелена растителна материја, а кај Р.А. бил пронајден нож, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека предметите биле одземени и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Приведени три лица во угостителски објект во Кавадарци appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK