мај 5, 2026

Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови. Оваа информација ја потврдија од Јавното обвинителство.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години.

При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле – велат од Обвинителството за МИА.

The post Ужас во неготинско: Три тела пронајдени во импровизиран верски објект, дете е меѓу починатите appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK