мај 4, 2026

Синоќа во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на уллиците Панче Караѓозов и Широк Дол патничко возило цитроен ц2 со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К. од Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот избегал.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип“, информираа од МВР.

The post Штипјанец удрил во пешак и избегал од местото на несреќата appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK