мај 4, 2026

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2025.

Промоцијата ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар во 11 часот. Таа ќе биде и убава можност за дружење и запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 33-та средба на 6-ти јануари 2025 година на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски.

Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, што наидоа на општа симпатија и одобрување кај скопјани, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување, информира Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

The post Претставување на кумот и здравичарот за Бадник во Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK