Селена Гомез (32) и Бени Бланко (36) се верија по нешто повеќе од една година врска.
Актерката среќната вест ја сподели на својот Инстаграм профил.
„Засекогаш започнува сега“, напиша таа покрај серија фотографии.
На една од нив таа покажа одблиску златен прстен со бел дијамант на раката.
Нејзината објава беше лајкувана 4,6 милиони пати за само еден час. Голем број познати личности, исто така, се вклучија во нејзините коментари, како готвачот Гордон Ремзи кој се пошегува: „Честитки до двајцата, мора да е до готвењето“.
The post Селена Гомез и Бени Бланко се верија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
