Вчера околу 22.45 часот во близина на с.Чалакли, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци.
При контрола на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, во кое бил сопатник, била извршена проверка во оперативната евиденција и било констатирано дека бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.
The post Фатен бегалец од затвор appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде
