Вчера околу 11:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на улица „Братство Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото, соопштија денеска од СВР Струмица.
Смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
The post Градежен работник од Тетовско загина во Струмица appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде
