мај 3, 2026

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за Капитал на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Герасимовски посочи дека во моментов целосно е фокусиран на реализација на планираните проекти, а доколку граѓаните се задоволни од сработеното сигурно ќе побара поддршка за втор мандат.

„Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да слушнам што мислат тие, преку лични контакти на терен, на буџетските форуми, и секако преку истражувањата и анкетите што ги спроведуваме. Ако граѓаните се задоволни од ветеното и сработеното, сигурно ќе барам поддршка за втор мандат”, Герасимовски.

Герасимовски се заблагодари на сите граѓани за довербата која му ја дадоа.

„И наредната година продолжуваме да работиме за уште поголеми успеси и подобра и пофунционална општина”, истакна Герасимовски.

The post Герасимовски: Задоволството на граѓаните од сработеното во Центар води кон втор мандат appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK