мај 3, 2026

Единицата за насилен криминал – одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против М.Е. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик и против Б.Р. од СКопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „помагање на сторител по извршено кривично дело”, казниво по член 365 од Кривичниот законик.

Поради нерасчистени  должничко – доверителски односи, на 10.12.2024 пријавените отишле пред куќата на Д.Ј.(42) од с.Мирковци, скопско, при што М.Е. од пиштол пукал кон него, но не го повредил. Судија на претходна постапка, на М.Е. му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Расчистен случајот со пукањето во Мирковци, едно лице заврши во притвор appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK