декември 18, 2024

Макс Ферстапен, четирикратниот светски шампион во Формула 1, призна дека имал контакти со Мерцедес.

Холанѓанецот, разговарал со Тото Волф, шефот на Мерцедес за можна преселба во редовите на славниот тим.

„Нема причина да криеме дека седевме и разговаравме. Беше многу конструктивно, мислам дека сите треба да бидеме искрени и отворени во овој бизнис. Сепак, му кажав на Тото дека сум лојален на мојот тим и дека Ред Бул е мојот дом“, изјави Ферстапен.

Макс даде и интересна споредба.

„Кога сте во Формула 1, лојалноста некако се зема здраво за готово. Не е фудбал да потпишеш петгодишен договор и да си заминеш после една година. Мојот договор со Ред Бул е до 2028 година и мислам дека ќе го одработам до крај“, заклучи Ферстапен.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 16.март 2025 година во Мелбурн, со трката за Големата награда на Австралија.

Share

The post Ферстапен откри дека разговарал со шефот на Мерцедес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK