Витаминот Д е клучен за силни коски, заби и имунитет. Го има во храната како што се жолчките и рибата, а го внесуваме и кога сме изложени на сонце.
Доколку немаме доволно овој витамин во нашето тело, се нарушува густината на коските, што го зголемува ризикот од фрактури и остеопороза, но недостатокот на витамин Д го нарушува и имунитетот.
Нутриционистката Сара Бурдет додава дека овој витамин „игра важна улога во заштитата од висок крвен притисок, дијабетес, инфекции и имунолошки нарушувања“.
Симптоми на недостаток на витамин Д
Не е секогаш лесно да се препознае недостаток на витамин Д во телото, но има неколку рани знаци на кои вреди да се обрне внимание.
„Болките во коските, особено во грбот, честите настинки и други инфекции, постојаното чувство на замор, дури и кога одмарате и спиете, може да укажуваат на недостаток на овој витамин“, открива диететичарот и личен тренер Кетрин Џонстон.
Фармацевтот д-р Пана Нинан додава дека „некои показатели како што се ослабен имунитет, чести промени во расположението или депресија, замор, мускулна слабост“ исто така може да бидат симптоми.
Таа предупредува дека ако недостатокот на витамин Д не се препознае и не се лекува, со текот на времето може да ја намали густината на коските и да доведе до остеопороза. Овој витамин исто така игра важна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем и регулирањето на циклусот сон-будење, па недостатокот може негативно да влијае на сонот и да доведе до почести болести.
Единствениот сигурен начин да се утврди недостаток на витамин Д е преку тест на крвта, па ако се сомневате дека го имате овој проблем, би било добра идеја да разговарате со вашиот лекар.
Следете не, не има насекаде