Трансферот на Виктор Осимен во Наполи е вториот најголем трансфер во историјата на фудбалскиот клуб Лил.
Нигериецот замина во Неапол за 70 милиони евра, повеќе пари клубот заработил само од трансферт на Николас Пепе во Арсенал (80 милиони евра).
Ова се податоците од трансферите, па поради тоа парадоксално звучи податокот дека од трансферот на Осимен во клубот влегле само седум милиони евра.
Ова го откри претседателот на клубот Оливие Летанг за време на гостувањето во една ТВ емисија. Како што наведе, најголем дел од парите отишле кај менаџери, на провизии итн.
„Заработивме повеќе пари од продажбата на Карлос Балеба (во Брајтон за 30 милиони евра) и Амаду Онана (Евертон, 40 милиони евра) отколку од Осимен“, рече Летанг.
Што точно се случило во тој трансфер, кој се смета за најголемото купување во историјата на Наполи, е предмет на истрага на властите во Франција и Италија.
The post Парадокс – Осимен продаден за 70 милони, а Лил заработил 10 пати помалку appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде