декември 18, 2024

Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина имаше интересен коментар по убедливиот пораз на неговиот тим, во Атина од европскиот шампион Панатинаикос со 103:74 во 16. коло од Евролигата.

По бродоломот во Истанбул, „зелените“ до победа пред домашната публика ги предводеше неверојатниот Кендрик Нан, кој се врати по суспензија и постигна 39 поени. Американецот во првата четвртина постигна седум тројки.

„Се надевам дека Евролигата во иднина нема да го налути Нан со суспензија пред натпреварот со нас, бидејќи момчето беше насекаде“, изјави Месина по натпреварот во кој неговиот тим беше убедливо поразен.

Share

The post „Се надевам дека Евролигата нема да го налути Нан во иднина“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK