декември 18, 2024

Ноќеска на полноќ, на паркинг на улицата Ванчо Китанов во Штип запалено е возило на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. Територијалната противпожарна единица во Штип веднаш по пријавата учествувала на гасењето на опожареното возило марка „голф“ сопственост на ќерката на Гидоски, но и тој го користел.

Ова е вторпат да му е запалена кола на Гидиоски, првата беше запалена лани во јули кога тој беше началник на полицијата во Источна Македонија.

За неколку дена ова е второ палење возило во Штип, а за два месеца вкупно се запалени четири возила. Во октомври, во двор од семејната куќа беше запалено возилото на управителот на регионалната телевизија М-Нет, Благој Серсемов, а во други населби беа запалени уште две запалени возила.

The post Повторно запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK