Полицијата поднело кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Пријавениот, соопштија денеска од МВР, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.
– Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место, се наведува во соопштението.
The post МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде