декември 19, 2024

Бруно Кабокло наскоро би можел да го напушти Хапоел Тел Авив и да се пресели во Реал Мадрид.

Бразилскиот центар, кој минатата сезона го носеше дресот на Партизан, одигра само 11 минути во натпреварот од Еврокупот во кој Израелците го совладаа Бешикташ со 109:101 по продолжение.

За ова по натпреварот проговори неговиот агент Даниел Хазан.

„Невозможно е играч со квалитет на Кабокло да помине само 11 минути на теренот. Побаравме објаснување, од клубот ни рекоа дека ќе се смени, но како што сега стојат работите нема ништо од тоа“, изјави Хазан.

Менаџерот изјави дека Реал Мадрид и Панатинаикос се заинтересирани за услугите на неговиот клиент. Особено заинтересиран е „кралскиот клуб“ и Кабокло би можел да биде на пат за Шпанија во следните 48 часа.

Тој е под договор со Хапоел до 2026 година, што значи дека Реал ќе мора да плати сериозна сума за обештетување.

Од друга страна, генералниот директор на Израелците Џорџо Хинас истакна дека клубот засега нема добиено официјална понуда.

Кабокло лани за Партизан имаше просек од 9,4 поени и четири скока.

Покрај за Кабокло, Реал во своите редови сака да го донесе и плајмејкерот на Асвел, Тео Маледон. Францускиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната, а Асвел сака да му понуди нов.

Според медиумите, доколку на Реал му оропадне планот со Маледон, тогаш следна мета би бил Американецот со македонски пасош, ти Џеј Шортс. Играчот на Париз сезонава игра во неверојатна форма.

Share

The post Кабокло на пат кон Мадрид, Реал го сака и Ти Џеј Шортс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK