декември 19, 2024

Сидни Свини била фотографирана додека се сончала на брод додека била на одмор на Флорида.

Оваа 27-годишна американска актерка носеше кафено бикини, а преку него бела кратка кошула. Нејзините модни додатоци вклучуваа кафени очила за сонце.

Да потсетиме, минатата недела беше фотографирана и додека се сонча во својата вила на Флорида, чија вредност се проценува на 13 милиони долари. Во тоа време таа беше облечена во виолетови бикини.

Многумина сметаат дека Сидни е најубавата актерка на денешницата, па дури и научниците ја проучувале нејзината убавина.

„Убавината на Сидни Свини е вкоренета во фактот што нејзините црти на лицето се симетрични и совршено пропорционални. Овие идеални пропорции на лицето често се нарекуваат „златен пресек“, вели пластичниот хирург Онур Гилеард, пренесува „Сан“.

„Покрај убавината на нејзиното лице, таа поседува и неверојатна фигура. Златниот пресек може да се примени и на обликот на градите, анатомијата на половината и односот задник и струкот. Кога ќе ја анализираме нејзината фигура користејќи ги овие соодноси, таа ги исполнува сите критериуми“, додаде тој.

Share

The post Сидни Свини фотографирана како се сонча на брод додека била на одмор на Флорида appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK