декември 19, 2024

Карло Анчелоти стана најтрофејниот тренер во историјата на Реал Мадрид, откако неговиот тим во средата вечерта ја победи Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп.

„Кралскиот клуб“ победи со убедливи 3:0 на стадионот „Лусаил“ во Катар, а тоа беше рекордниот 15-ти трофеј на италијанскиот тренер со тимот од Мадрид.

Анчелоти го надмина Мигел Муњоз на врвот на вечната листа, кој ја освои својата 14-та титула во 1974 година, откако Реал стана шампион на Шпанија.

Италијанецот освои сè што може да освои во неговите два мандати на „Сантијаго Бернабеу“: Ла Лига (двапати), Копа дел Реј (2), Суперкуп на Шпанија (2), Лига на шампиони (3), Суперкуп на УЕФА (3), ФИФА Светското клупско првенство (2) и вечерва Интерконтиненталниот куп.

Share

The post Карло Анчелоти, тренер со најмногу освоени трофеи во историјата на Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK