Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе од три дена. Сомневањето дека група Беланоца-Барон криела пари и оружје се докажа.
Во целата акција беше вклучена Армијата. Досега беа запленети милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети. Се истражуваат сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога.
Групирањата и прегрупирањата, според полициските информации за групата Беланоца-Барон, почнале од 2021 година, кога настанало спојувањето на криминалните банди. Во хиерархиски организираниот клан, точно се знаело кој убива, кој купува возила, кој следи луѓе. Како групата растела и моќно зајакнувала, се создавале нови кланови кои имале за функција да спроведуваат класичен рекет на обложувалници, дуќани. Оние кои нема да прифатат „обезбедување“, нивниот објект следниот дел го наоѓале запален и пораката била јасна, месечен данок за мир во соседството.
The post Најдени експлозиви и оружје во Арачиново, криени длабоко под земја appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде