Голем број симптоми претходат на срцев удар што може да значи дека пациентот е изложен на ризик од потенцијално фатална состојба.
Истражувачите ги следеле луѓето кои доживеале срцев удар надвор од болница. Пациентите биле регистрирани во данскиот регистар за срцев удар помеѓу 2016 и 2018 година. Еден од десет повикал брза помош во рок од 24 часа пред да доживее срцев удар.
Најчестите симптоми на раниот срцев удар биле проблеми со дишењето, конфузија, несвестица, болка во градите и бледило. Просечната возраст на заболените била 74 години, а 59,9% се мажи.
„Проблемите со дишењето често му претходеле на срцевиот застој отколку болката во градите. Бидејќи останувањето без здив е исто така знак за други медицински состојби, се надеваме дека нашите наоди ќе поттикнат понатамошни истражувања за да им помогнат на диспечерите на Итната помош да направат разлика помеѓу симптомите на состојбата и другите здравствени проблеми“, вели авторот на студијата, д-р Филип Гнесин, научник во болницата во Северен Зеланд во Хилерод, Данска.
Истакна дека повеќе од 10% од пациентите што доживеале срцев удар надвор од болница телефонирале до Итната медицинска помош до 24 часа пред да се развие состојбата.
„Отешнатото дишење беше најчеста поплака и многу почеста од болката во градите. Сепак, во споредба со болката во градите, пациентите со проблеми со дишењето имаат помала веројатност да добијат итна медицинска помош и поголема веројатност да умрат во рок од 30 дена по застојот“, рече тој.
Овие наоди покажуваат дека проблемите со дишењето се потценет предупредувачки знак за срцев удар.
„Иако нашата студија покажува дека некои пациенти со срцев удар имаат карактеристични симптоми, овие симптоми не се единствени за оваа популација на пациенти. Се надеваме дека подигањето на свеста за проблемите со дишењето како вообичаен ран симптом на срцев удар ќе придонесе, заедно со повеќе истражувања, идентификување на повеќе карактеристики специфични за срцев удар за да може да се предвиди и евентуално во иднина да се спречи“, додава тој.
Срцев удар, познат и како кардиопулмонален застој, се случува кога вашето срце одеднаш престанува да пумпа крв низ вашето тело. Некој што имал срцев удар ќе колабира во несвест. Нивното дишење ќе биде неправилно.
Кога ќе дојде до срцев удар, нема време за губење, тоа е итен случај опасен по живот, а повикувањето на 112 е од витално значење.
Следете не, не има насекаде