декември 25, 2024

Кавадарчанец бил лишен од слобода, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потврди за МИА дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.

– Рано утрово во 00.05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од СВР Велес.

Оттаму информираа дека синоќа пак во 19 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од неготинско село, постапувајќи по пријава од неговата 31-годишна сопруга, со која не живееле во заедница, дека ѝ се заканувал на социјални мрежи.

– Б.Ѓ. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од СВР Велес.

Синоќа пак во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 43-годишната Л.Б. и Н.Б.(48), двајцата од Кавадарци.

– При претрес во објект на градскиот плоштад, што го користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 679 разни видови на пиротехнички средства. Л.Б. и Н.Б. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Лишен од слобода кавадарчанец, на интернет се заканувал на градоначалникот и неговата фамилија appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK