Кристофер Нкунку нема многу среќа откако пристигна во Челзи, пред се со повредите, поради што и нема голема минутажа.
Повремениот француски репрезентативец долго време се мачеше со повреди, а кога се врати, Мареска веќе формираше тим кој игра добро и бележи добри резултати. резултати.
Нкунку е незадоволен и би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во следниот преоден рок, порано од очекуваното. Нкунку дојде како големо засилување од Лајпциг и се претпоставуваше дека ќе стане еден од клучните фудбалери на „сините“.
Според шпанските медиуми, менаџерот на Нкунку и го понудил својот клиент на Барселона.
Оваа опција не е реална бидејќи Барселона поради финансискиот фер плеј има проблем да го регистрира и Дани Олмо.
Нкунку оваа сезона одигра вкупно 16 натпревари во Премиер лигата и постигна само два гола.
Французинот има договор со Челзи до летото 2029 година.
The post Нкунку сака да го напушти Челзи, менаџерот сака да го однесе во Барселона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде