декември 25, 2024

Она што го најавија вчера шпанските медиуми, претпладнево доби потврда, Карлос Корбелан е новиот тренер на Валенсија. Младиот тренер дојде на местото на Рубен Бараха.

Контраверзниот сопственик на Валенсија, Питер Лим, се реши за шок терапија во обид да ја спаси сезоната, која од оваа перспектива изгледа лошо. Валенсија на половина од сезоната е на делба на последната позиција на табелата со само 12 поени.

Корбелан во Валенсија дојде од Вест Бромвич Албион. Клубот ја активираше неговата откупна клаузула за 2.400.000 евра. Исто така, Валенсија отказот што му го врачи на бараха ќе ја чини 5.000.000 евра. За рокадата на клупата Валенсуја ќе издвои 7.400.000 евра.

Корбелан (41) се враќа на местото каде што ја започна својата сениорска кариера како голман. Сепак, неговата кариера не беше особено забележлива, додека тренерската кариера е многу интересна.

Започна во јуниорските категории на Алкаркон, но по само една година замина на Кипар. Таму работеше во сезоните 2016 и 2017 година во Докса и Ермис. Од „рајскиот остров“ замина во Англија. Таму работеше во тимот на Лидс до 23 години, а потоа го водеше Хадерсфилд две години, пред накратко да замине во Грција во 2022 година, во Олимпијакос. Сепак, истата година се врати на Островот, каде до сега беше тренер на Вест Бромвич Албион.

Share

The post Валенсија смената на тренерот ќе ја чини 7,4 милиони евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK