декември 27, 2024

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе ја менува. Тој смета дека ефектот од мерката е многу мал, речиси никаков.
Таа мерка која што ја водеше претходната Влада мислам дека беше можеби добро смислена но тотално погрешно спроведена. Бевме сведоци каде што низ училиштата децата практично ги фрлаа јаболката коишто ги добиваа и крајно беше сомнителен квалитетот на тоа што го добиваа. За наредната година размислуваме за сериозна модификација на оваа мерка затоа што поентата на мерката е да добие секој еден ученик, секое едно дете во градинките здрав, квалитетен, пред се органски производ. Таа мерка сериозно ќе биде модифицирана за да има ефект, таков како што треба. За да не се фрлаат пари без потреба. Изминатата година над 40 милиони денари чинеше таа мерка меѓутоа ефектот беше многу мал, речиси никаков“, рече министерот Трипуновски.
Претходната Влада во 2022 година за да ја поттикне потрошувачката на свежо овошје ја воведе мерката „Здрава ужинка за секој ученик“ со која 186.000 ученици во 350 училишта во земјава за ужина добија јаболка. За реализација на програмата беа предвидени 20 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK