декември 26, 2024

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ј.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување диви животни и птици“, информираат од МВР.

Пријавениот, од непознато место и лице набавил два елени од видот „лопатар“, кои ги сместил во штала во неговиот двор во с. Тромеѓа, иако не биле исполнети условите кон животните утврдени со закон и без одобрение и дозвола за чување на таков вид дивеч од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а не биле исполнети и потребните услови за чување и одгледување таков вид диви животни.

The post Кумановец без одобрение чувал елени во својата штала appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK