декември 26, 2024

Новинарот Фуркан Салиу вечерва преку социјалните мрежи пишува за две сообраќајни несреќи на исто место – Тетово, неколку километри по првата патарина, во која сета среќа е што нема жртви.

“Во 18:20 моите колеги се упатуваат кон Тетово со моето возило. На неколку километри после првата патарина, на темно место, без никаква сигнализација удираат во камион кој што пробал да закочи да не удри во застанат камион на Македонија Пат.

Камионот на Македонија Пат предходно се судрил со друго возило. Тоа се случило во 16:00 часот.

Била повикана полиција. Полицијата доаѓа после 21:00, откако се случува втората сообраќајка. Во меѓувреме на местото на настанот нема ниту соодветна сигнализира, на кривина во дел каде што нема ниту осветлување.

Тоа што вечерва нема жртви е чиста среќа.

Доаѓа возило на брзата помош, ги носи моите колеги во Воена болница и ги остава таму. Ги замолуваат да се упатат во градска затоа што докторот е на операција”, пишува Салиу.

The post Две сообраќајки за неколку часа на патот кон Тетово – камион на “Македонија Пат” учествувал во едната од нив appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK