ноември 24, 2024

Преку разни намирници и пијалоци внесуваме во организмот различни материи кои понекогаш не се здрави, што влијае на таложење на токсините.

 

Кога тие се акумулираат во поголема мера во телото, почнуваат да го попречуваат функционирањето на организмот.

 

Несоница

 

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Доколку постојано имате проблеми со сонот, би било добро да го проверите здравјето на црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган. Црниот дроб, инаку, ги неутрализира токсините, па може да ви помогне да додадете храна богата со сулфур во вашата исхрана, особено лук.

 

Главоболки

 

Постојаните и хронични главоболки може да бидат знак дека имате премногу токсини во телото.

 

Покрај тоа, акумулираните токсини во телото се една од најчестите причини за главоболка.

 

Летаргија

 

Доколку се чувствувате летаргично, не би било лошо да размислите за детоксикација. Најдоброто нешто што можете да го направите е да јадете повеќе овошје и зеленчук, но пред се храна богата со витамин Б, бидејќи тој е многу важен за менталните функции како концентрацијата и меморијата.

 

Проблеми со кожата

 

Проблематичната кожа, склона кон мозолчиња и осип, всушност може да биде резултат на насобраните токсини во телото. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот, бидејќи сѐ што не е во ред се исфрла на неговата површина.

 

Промени на јазикот

 

Храната која содржи токсини може да ја наруши слузта на дигестивниот систем, вклучувајќи го и јазикот. Ако површината на јазикот стане бела или жолта, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори со токсините.

 

Абдоминална маст

 

Токсините кои ги внесувате преку храна и пијалоци, но и токсините кои ги вдишувате ја забрзуваат акумулацијата на масното ткиво во желудникот.

 

Ова се случува затоа што многу токсини кои остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму, а можат да се отстранат само со детоксикација.

 

Чувство на топлина

 

Телото ги исфрла токсините со потење, а кога има многу наталожени отрови, повеќе ќе се бори против нив, па повеќе ќе се потите. Така, може да ви се случи постојано да ви е жешко, дури и кога е прилично студено надвор или во просторијата каде што се наоѓате.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK