декември 28, 2024

Култниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид повеќе нема да се вика така. Според шпанските медиуми, Реал Мадрид одлучил да го смени името на својот стадион, поточно да го скрати.

Отсега за комерцијални цели ќе се вика едноставно, „Бернабеу“. Значи без Сантијаго, легендарниот играч и поранешен претседател.

„Реал Мадрид засега молчи за ова прашање, а промените се забележуваат само во одредени маркетинг кампањи. Веб-страницата на стадионот се вика „Бернабеу“, како и официјалниот профил на социјалните мрежи. Турата на стадионот се вика „Тур Бернабеу“. Па дури подарокот што клубот го понуди на своите божиќни собири, модел на стадионот, беше крстен без името Дон Сантијаго. Истото се случува и со рекламите на стадионот или со чашите што се продаваа на концертните денови. Нема трага од Сантијаго“, пишува „Марка“ и додава:

„На Собрание на акционери би требало да се одобри дефинитивна промена на името, што досега не се случило“.

Share

The post Реал Мадрид го менува името на стадионот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK