јануари 7, 2025

Во просториите на ЈП „Лајка“ денеска во 14 часот ќе се одржи претпразнична чајанка, организирана со учество на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од „Лајка“, настанот е создаден за да ги пречека децата од здруженијата Аутизам ААМК, Кохлеарно срце, Equality и Доза Среќа, заедно со нивните родители и активисти, и да приреди незаборавно предновогодишно дружење со поддршка од А1 Македонија.

На настанот е најавено присуство на Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, заедно со високи претставници од амбасадата.

Целта на настанот, како што дополнуваат, е да се заокружи 2024 година во топлина, дружење и љубов, со деца и нивните верни пријатели – кучињата. 

The post Претпразнична чајанка во Лајка со поддршка од Амбасадата на САД appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK