јануари 9, 2025

Пејачката Џенифер Лопез (55) и актерот Кевин Костнер (69) се фотографирани заедно во популарниот бар Кемо Сабе во Аспен, Колорадо, каде што ја поминаа вечерта во опуштено друштво. Ова е нивна прва јавна средба по разводот со партнерите.

Нивното доаѓање на истото место предизвика многу шпекулации, особено што и двајцата моментално се сингл.

Лопез беше добро расположена, се смееше и уживаше во пијачка. Носеше топол џемпер, а косата и беше крената во висока пунџа. Таа во еден момент се пошегува со фотографите и им го испружи јазикот, пишува „Пејџ Сикс“.

Костнер исто така изгледаше опуштено додека разговараше со гостите. Носеше црна зимска јакна, фармерки и очила за сонце.

Share

The post (Фото) Џенифер Лопез и Кевин Костнер снимени во ист бар, се шпекулира дека се во врска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK