Илјадници Израелци синоќа протестираа во Тел Авив поради плановите на новата Влада на Бенјамин Нетанјаху, за кои тврдат дека ги загрозува демократијата и слободата.
Протестите уследија неколку дена откако најдесничарската и најконзервативната влада во 74-годишната историја на Израел положи заклетва.
Организатори на протестот беа левичарски и арапски членови на Кнесетот, кои тврдат дека плановите предложени од новата влада ќе го нарушат правосудниот систем и ќе ги прошират социјалните поделби.
Според левичарите, предлогот објавен од министерот за правда Јарив Левин за реформи на судскиот систем, има за цел е да го ослабне Врховниот суд и ќе ѝ даде моќ на новата владејачка коалиција.
Демонстрантите повикаа и на мир и соживот меѓу Евреите и арапските жители на земјата.
– Тука сме да кажеме јасно и гласно дека сите ние, Арапите и Евреите и различните различни заедници во Израел, бараме мир, еднаквост и правда, истакна претставник на Арапско-еврејското движење, Рула Дауд.
Следете не, не има насекаде