јануари 9, 2025

Почитувани македонски граѓани, во текот на изминатава година, уште од првиот ден од преземањето на одговорноста, максимално посветено, професионално и транспарентно се ангажиравме во решавањето на затекнатите ситуации и заедно постигнавме значајни успеси.
Ги идентификувавме пропустите и веднаш презедовме мерки со кои ја вративме довербата на граѓаните. Нема повеќе да се наруши достоинството никому, на ниеден граѓанин.

.Во таа насока, секојдневно продолжуваме со унапредување и со модернизација на услугите и на процесите, со цел креирање побрзи и поефикасни решенија и услуги за сите македонски граѓани. Затоа вложуваме и посветено градиме полиција која ќе биде модерна, опремена, обучена и спремна да одговори на сите предизвици. Безбедноста и достоинството на граѓаните се наш најважен приоритет“.

Ова го рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во неговата честитка за Новата година.

– Заврши времето на „како досега“ кога неправдата и криминалот остануваа неказнети и ве уверувам дека никој во иднина нема да го краде македонскиот народ без притоа да одговара пред истиот. Верувам дека делата и бројките, што ги остваривме, сами говорат за нашата одлучност во борбата со криминалот и со корупцијата кои го разоруваат општеството и ја нарушуваат благосостојбата на граѓаните. Нашата порака е јасна. Секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата, а секој еден украден денар ќе биде вратен во буџетот на граѓаните – додаде министерот за внатрешни работи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK