јануари 3, 2025

Актерот Брус Вилис и неговата сопруга Ема Хеминг ја одбележаа 17-годишнината од бракот додека актерот се соочува со предизвиците додека се бори со деменција.

Ема во оваа прилика ги сподели своите размислувања на социјалните мрежи, искрено признавајќи дека чувствува „тежина“ на срцето.

„Порано годишнините ни беа извор на возбуда, но сега, да бидам искрена, носат мешавина од чувства и ми оставаат тежина на срцето и вознемирен стомак. Си давам 30 минути да седнам и да размислам зошто тој, зошто јас, зошто ние, да се чувствувам лута и тажна. После тоа го пуштам и се враќам на она што е сегашната реалност. А тоа е безусловна љубов. Се чувствувам благословено што го познавам и за сето тоа е заслужен тој. Сето тоа би го направила повторно без размислување“, напиша таа на Инстаграм.

Заедно со оваа емотивна порака, таа сподели и постара фотографија на која таа и Брус позираат заедно во океанот.

Брус и Ема почнаа да се забавуваат во 2007 година, седум години откако се разведе од Деми Мур. Заедно имаат две ќерки.

Share

The post Брус Вилис и Ема Хеминг прославија 17 години брак, таа призна дека и било тешко appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK