Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сè поинтензивната соработка меѓу Русија и Кина го загрозува светскиот поредок воспоставен од западните земји.
„Тие беа обединети барајќи поинаков светски поредок. Факт е дека тие не ги споделуваат нашите вредности и се обидуваат да ги одбранат интересите што ја нарушуваат нашата вера во слободата и демократијата. Во овој опасен свет, земјите од Алијансата мора да се држат заедно“, рече тој на конференцијата во Норвешка.
Тој истакна дека главниот доказ за обединувањето на двете држави е одбивањето на Пекинг да ја осуди руската специјална операција во Украина.
„Напротив, Кина го промовира рускиот наратив, префрлајќи ја вината за ситуацијата на НАТО и првично го поддржа барањето на Москва Алијансата да ги затвори вратите за нови членки“, посочи Столтенберг.
Притоа, секретарот го подвлече продлабочувањето на односите меѓу Русија и Кина на воено и на економски план.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 30 декември одржа видео-конференција со кинескиот лидер Си Џинпинг. Рускиот лидер истакна дека односите меѓу двете земји покажуваат зрелост и стабилност во светло на растечките геополитички тензии, а го покани и кинескиот претседател следната година да ја посети Москва.
Од друга страна, Кси рече дека Кина е подготвена да соработува со Русија за да го заштити суверенитетот и безбедноста на двете земји.
Следете не, не има насекаде