јануари 4, 2025

Новиот тренер на Милан, Сержо Консеисао, го започна својот мандат во клубот. Тој веќе составил листа на засилувања за јануарскиот преоден рок.

Според „Газета дело спорт“, Консеисао го сака крилниот напаѓач Пепе. Токму Консеисао го донесе Пепе во Порто од Гремио во 2021 година за 15,5 милиони евра.

Пепе не е млад играч, има 27 години, но Консеисао верува дека би бил од голема помош бидејќи може да игра на двете крилни позиции.

За Порто одигра 170 натпревари, постигна 24 гола и 30 асистенции.

Покрај Пепе, Консеисао го сака и Антонио Силва, 21-годишниот дефанзивец на Бенфика. Милан понуди пет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на лето за дополнителни 25 милиони. Бенфика оваа понуда ја одби, но се чека нов напад од „росонерите“.

Трет на листата на желби е Рандал Коло Муни, напаѓачот на Пари Сен Жермен кој во актуелниот преоден рок сигурно ќе го напушти Париз. Французинот има бројни понуди и од Премиер лигата, па Милан ќе има тешка задача да го реализира овој трансфер.

Share

The post Консеисао подготвил листа со засилувања appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK