јануари 10, 2025

Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој се соочува со доживотна забрана за влез во Македонија, објави повик за собир и панихида за Мара Бунева, што ќе се одржат на 12 јануари во Скопје. Собирот и панихидата ќе се одржат во црквата Свети Димитриј во Скопје, како и на кејот на Вардар во центарот на главниот град.

Како што наведува Стојанов во својата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе се организираат и во Тетово, Струмица и Прилеп. На овие настани ќе присуствуваат членовите на фондацијата, која, како што објавија минатата година, се гордее со 40-тина Бугари кои присуствувале на настаните во чест на Мара Бунева, која, според нив, била симбол на борбата против антибугарскиот режим во Скопје.

Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете, вака лани кратко напиша Стојанов на социјалните мрежи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK