април 19, 2026

Познатиот актер Харисон Форд се појави вознемирен откако беше принуден да се евакуира поради шумските пожари што го опустошија Лос Анџелес.

Во средата, 82-годишниот актер беше виден како го паркира својот автомобил пред неговата населба Брентвуд. Во еден момент влегол во полициско возило но се вратил за да провери во каква состојба е неговиот луксузен дом, кој го купил во 2011 година за 12,6 милиони долари.

Откако полицијата го вратила во безбедно место, Форд делувал уште позагрижено и им се придружил на соседите кои исто така биле евакуирани од своите домови.

Изгледа дека славниот „Индијана Џонс“ побегнал со празни раце од областа опустошена од пожар за време на задолжителната евакуација. Актерот е виден облечен во фармерки, темна маица и капут, а не бил придружуван од сопругата Калиста Флокхарт и децата.

Share

The post Славниот Харисон Форд вознемирен, бил принуден да ја напушти вилата вредна 12 милиони долари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK