јануари 10, 2025

Неговата мајка, чиј идентитет е познат на редкцијата на Канал 5, но нема да откриеме поради заштита на детето, сведочи за трауматичните случувања. Таа вели, на првиот училишен ден петооделенцот, имало коса собрана во уредно репче, но во холот каде се подготвувала претстава било забележано од директорката на училиштето Св. Климент Охридски Каролина Димитрова и веднаш почнале неговите проблеми.. Директорката и класниот раководител прво му ја одврзале косата на момчето, ја тегнеле да ја видат должината, а потоа случката завршила со препорака и критика утре на училиште да дојде средено. Момчето ништо не кажало дома, а мајката дознала за настанот по телефонски повик од класниот раководител.

Директорката на училиштето му се обраќа на детето со зборовите, не си ти девојче да доаѓаш со реп, утре да дојдеш среден на училиште, сето ова се случува во просториите на училиштето и училишниот хол, без јас како родител да бидам известена што му се прави на беспомошно исплашено дете, само, застанато помеѓу два авторитети и кое не може само да се справи со ситуацијата. Додека течеше разговорот, без да забележам, детето застанало зад мене и го слушнало разговорот со наставничката. Со трчање отиде во купатило и со плачење сам си ги пресече шишките напред од страв.

По телефонскиот разговор, мајката имала и средба со директорката и со педагогот, но ниту таа не помогнала.

Повторно педагогот ми се обрати со зборовите, цитирам, „бре жено, разбери не може, ако ти сега му дозволуваш на дете каква сака фризура да има, само затоа што така сака, дали утре би дозволила да се дрогира.

Мајката сепак вели дека по ова испратила допис до МОН, но никогаш не добила одговор, а воедно целиот случај се претворил во голгота, па барајќи епилог завршиле во институционален лавиринт. Дополнително, на социјалните мрежи секојдневно се соочуваат со стигматизирање и навреди, а за тоа не добиле помош од полиција при пријавата.

Државен просветен инспекторат не констатираше неправилност, кога го контактирав и прашав, каде можам да пријавам недолично однесување на вработени во училиштето, ми одговори, а како ќе докажеш кога тие се мнозинство и ќе бидат против тебе. Министерство за образование никогаш не ми одговори, ги контактирав преку нивната веб-форма.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорката Димитрова, но таа не одговори ниту на повиците ниту на пораките за да го каже својот став. Министерката за образование пак Весна Јаневска, пак, тврди дека немало претставка до МОН, но е запознаена со настанот кој смета дека не требало да се случи.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација во случајот, а училиштето доби препораки кои треба да ги следи, во спротивно ќе заработат прекршочна пријава.

Во целиот случај се вклучени и од детската амбасада Меѓаши, за кои мајката вели дека по утврдената дискриминација, повторно ќе се обратат до Народен правобранител, кој претходно не видел потреба за постапување, оти детето се подстрижало дома…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK