Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Како резултат на овие активности, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број на записници-вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир.
Во текот на минатата година, Еко-патролата реализираше и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените „црни точки“ – локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Најголем дел од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров. Во општината Чаир, секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (Пластичарска улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до Зегин на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ „Васил Главинов“) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), додека во општината Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска.
Следете не, не има насекаде