Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид.
Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја пронајдоа паричката на заедничкиот традиционален појадок што се организира во општинската зграда по повод утрешниот празник Православна Нова Година – Василица.
Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски.
Во духот на традицијата новите и минатогодишните кумови ги дарував со сребрени парички.
Следете не, не има насекаде