јануари 13, 2025

Новогодишните и божиќните празници поминаа, но декоративните елементи низ Скопје се уште стојат.

Оваа зима (како и претходните две) Град Скопје беше оскудно накитен, со скромен организиран новогодишен дочек на Плоштад Македонија.

Покрај Град Скопје, веќе традиционално и општините ги украсуваат јавните површини.

Колку пари од буџетот одвоија скопските општини за новогодишното украсување?

Прва општина која започна со украсување на јавните површини, но и општина која потрошила најмногу пари, е општина Центар.

Оваа општина потрошила околу 3,7 милиони денари, односно околу 60.000 евра за украсување на неколку фреквентни локации како Дебар Маало, Сквер Јадран, Капиштец итн…

Општините Гази Баба и Чаир потрошиле околу 20.000 евра, а општина Бутел без малку 30.000 евра (1,77 милиони денари)

За украсување на само една улица од педесеттина метри, општина Ѓорче Петров од буџетот одвоила речиси 15.000 евра.

Она што е интересно е дека според Електронскиот систем за јавни набавки, во сите овие општини украсувала една иста фирма, односно Друштво за производство, трговија и услуги ЛИНК МЕДИА ПЛУС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK