септември 23, 2024

Панк-рок пејачот Били Ајдол доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. На церемонијата на откривање на ѕвездата, со него беа членовите на неговиот бенд, девојката и семејството, вклучувајќи ги четворицата внуци.

Ајдол е првиот што доби ѕвезда оваа година, а вкупно 2.743-ти досега. 

„Навистина е лудо што стојам на ова место со една ваква награда. Поминаа 47 години од моите почетоци со ‘Џенерејшн Екс‘ и 35 години откако првпат бев тука и никогаш не сум можел да замислам вакво нешто. Почнавме во средина на 1970-ите во панк рок времето и не се надевавме на многу. Решивме да го правиме тоа што го сакаме, но не верував дека ќе трае олку долго. Затоа е ова уште поневеројатно“, изјави 67-годишниот Ајдол.

Тој продаде повеќе од 40 милиони албуми во кариерата и беше една од првите ѕвезди на Ем-Ти-Ви. Лани објави миниалбум насловен „Кејџ“.

The post Били Ајдол доби ѕвезда на холивудската патека на славните по 47 години музичка кариера appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK